Убиецот од Куманово имал пет кривични пријави за семејно насилство, бил само условно осуден

by fokus

Пет кривични пријави за семејно насилство и најмалку две условни пресуди имало против кумановецот кој вчера си ја уби сопругата, нејзината мајка и се фрли од прозорец за да не биде уапсен од полицијата.

Тортурата која ја вршел кумановецот врз неговата сопруга и нејзината мајка започнала пред 10-тина години.

–Да, има пријави за семејно насилство против Д.Ј. и секогаш од страна на СВР Куманово се преземени мерки и активности. Во периодот од 2013 до 2023 година од страна на СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово има поднесено 5(пет) кривични пријави против Д.Ј. по член 130 ст. 2 од КЗ на РСМ, изјавија од МВР за Телма.

Поврзани новости