Убиен мажот кој киднапираше авион, имал проблеми со сопругата

by fokus

Припадниците на специјалните сили на Бангладеш го застерелале мажот кој вооружен се обиде да влезе во пилотската кабина и се закани дека има бомба.

Мажот се обиде да го киднапира авионот на Бангладеш Ерлајнс, Боинг 747 со 142 патници на редовната линија од Дака кон Дубаи. Поради тоа пилотот мораше принудно да слета во Читагонг, во Бангладеш.

Веднаш по слетувањето, киднаперото дозволил патниците да се евакуираат на безбедно, а тој ги задржал пилотите. Наводно им кажал дека има проблеми со сопругата и побарал средба со премиерот на Бангладеш.

Но, по кусо време специјалците успеале да влезат во авионот и да го застрелаат.

Поврзани новости