Шилегов : Кажете му на Мицкоски дека сопругата му работи во Орце Николов, а не во Гоце Делчев!

by fokus

Обидувајќи се да докаже дека вработувањето на неговата сопруга не е спорно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес изјави дека таа веќе десет години работи во образование, односно од 2005 година работи во Гоце Делчев.

Веднаш, со зајадлива реакција на фејсбук се јави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој, на социјалната мрежа фејсбук напиша дека Мицкоски очигледно не знае во која гимназија работи неговата сопруга.

-Бидејќи по дома не му кажуваат, а самиот не знае, еве да му кажам: Неговата сопруга е вработена во гимназијата Орце Николов и предава македонски јазик. Во нашиот град нема гимназија Гоце Делчев. Кажувајте му вакви работи на човекот. Нека не се брука…, напиша Шилегов на фејсбук.

Поврзани новости