Уапсени соработници на Навални, за утре се најавени протести

by fokus

Руските власти уапсија блиски соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва по неговото пристигнување од Германија, каде се лекуваше по обидот за труење.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш била приведена во текот на ноќта откако повика на протести. Таа оваа информација ја објави на Твитер и додаде дека ќе остане во притвор девет дена. Уапсени се и координаторите на приврзаниците на Навални во Владивосток, Краснодар и Калининград.

Во околу 70 руски градови за утре се најавени протести поради притворањето на Навални и државната репресија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги предупреди граѓаните да не учествуваат на тие илегални собири. На Навални му е изречена мерка притвор од 30 дена. Руското судство го товари за прекршување на условната казна со неговото заминување во Германија поради лекување.

Поврзани новости