Бајден го отстрани и „копчето за кока-кола“ од работната маса што го постави Трамп

by fokus 16:18
16:18

Американскиот претседател Џо Бајден го отстранил „копчето“ кое неговиот претходник Доналд Трамп го поставил на работната маса во Овалниот кабинет за повик на батлерот да донесе диетална кока-кола.

Во првата година од мандатот на Трамп никој не знаел дека воопшто постои такво копче, но новинарка на Асошиејтед прес забележала нешто чудно. Таа тогаш опиша како претседателот притиснал копче по што веднаш во кабинетот влегол батлерот на Белата куќа со чаша диетална кока-кола на сребрен послужавник. Истото го забележале и други новинари кои го интервјуирале претседателот.

- Advertisements -

Со тоа е откриено дека Трамп имал слабост кон газираниот пијалок. Тој наводно пиел и по 12 кока-коли дневно. Сега, откако Бајден е на функција, копчето повеќе го нема, пишува денеска Њузвик.

Кога службите во Белата куќа го известиле Бајден дека Овалниот кабинет е подготвен, го прашале дали сака да го задржи копчето за диетална кока-кола. Бајден наводно прашал: Какво копче забога?

На Твитер е започната шеговита дискусија во врска со „копчето на работната маса на претседателот“. На пример, какви сѐ не придобивки има еден претседател и дали тоа треба да остане.

Покрај копчето за диетална кока-кола, Бајден го остранил и тепихот со светли линии во форма на зраци поставен од Трамп во кабинетот и го вратил темно-синиот тепих со претседателски печат на средината, од времето на Бил Клинтон.

Бајден, исто така, ги вратил и завесите кои се користеле од неговиот претходник Клинтон.

Поврзани новости