Уапсени се четворица кавадарчани – краделе ламинат од магацин

by irena 11:49
11:49

МВР информира дека вчера во периодот од 16 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26), сите од Кавадарци.

Како што информираат од полицијата, тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од Кавадарци украле ламинат.

Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.

Од МВР додаваат дека тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести