189
Избувна пожар вчера попладне во куќата на 52 годишниот А.П. во село Нерав, кривопаланечко.
Во пожарот со повреди се здобија Д.П.(34), А.П.(52) и С.П.(89) и тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на помош, информираат од СВР Куманово.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка го изгасна пожарот.