412
На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се пресмета фрлајќи солзавец.
Полицијата соопшти дека досега 126 лица се приведени, а проверки се извршени врз 11.000 луѓе, кои се обиделе да дојдат во францускиот главен град на протестите.
Полицијата употребила солзавец поради тензиите во маршот на неколку илјади луѓе кои се движеа од Министерството за финансии кон Плоштадот на Републиката во источниот дел на Париз.
Барикадите беа запалени на едно место, а на друго гореа гранки од дрвја. Пожарникарите брзо реагирале и го изгаснале огнот.