Заев ќе оди кај Иванов на Водно да го пречекаат Папата Франциск

by Fokus
Премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорѓе Иванов заедно ќе го пречекаат Папата Франциск на скопскиот аеродром при неговата еднодневна посета на Македонија.
Последните информации велат дека поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде примен само во претседателската резиденција на Иванов на Водно, а таму ќе биде и премиерот Заев.
Франциск треба да слета во 8:30 часот од Софија и ќе биде пречекан со највисоки почести. Безбедноста за време на престојот на папата во Скопје ќе биде од највисок прв степен, а се планира втобусите на ЈСП тој ден да возат бесплатно.

 

Поврзани новости