Уапсен сопственикот на кинескиот хотел во кој избувна пожар и загинаа 19 лица

by fokus

Полицијата во кинескиот град Харбин го уапси сопственикот на хотелот, во кој избувна пожар и загинаа 19 лица.

Пожарот, кој избувна во четирикатната зграда во туристичкиот дел Сон Ајланд во Харбин, веќе е изгаснат.

Причината за инцидентот се уште се испитува. Спасувачката операција продолжува.

Вакви трагедии се честа појава во Кина, каде правилата за заштита од пожар никогаш не се почитуваат.

Поврзани новости