Посакуваме успешен референдум во Македонија, вели албанскиот министер за надворешни работи

by fokus 18:44
18:44

Албанскиот министер за надворешни работи и за Европа Дитмир Бушати, во интервју за тиранскиот весник „Панорама“ посакува успешен референдум на 30 септември што, според него, е „шанса за напредок на земјата“.

Посочи дека Албанија березервно го подржувала дијалогот меѓу Атина и Скопје, а истовремено поттикнала кохезија на албанскиот политички фактор за да биде протагонист во трансформациските промени кои му „овозможуваат на Скопје да напредува во процесот за членство во евроатланските структури.

- Advertisements -

Бушати во интервјуто веќе не нарекува Северна Македонија и најчесто го употребува Скопје кога станува збор за земјава.

– Посакуваме на референдумот на 30 септември граѓаните да го поддржат штотуку почнатиот мировен процес. Нашиот сосед пред себе има неповторлива можност. Во тој процес, улогата на Албанците е одлучувачка. Демократската стабилност, меѓуетничкото разбирање и членството на Северна Македонија во НАТО се во интерес на Албанците. Одржувањето на долгогодишниот конфликт во врска со спорот за името со Грција или кој било друг алтернативен проект што создава празнини, преку кои трети страни може да навлезат во Скопје и во регионот, не е во интерес на Албанците. Исполнувањето на обврските што произлегуваат од овој процес има посебно значење за самиот западен Балкан, трансформирајќи го во поголем безбедносен простор, смета Бушати.

Поврзани новости