Уапсен продавач на петарди на Бит Пазар

by fokus

Од МВР информираат дека денеска заплениле 21.524 пиротехнички средства на Бит Пазар, а продавачот бил приведен.

-Во 14.30 часот на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.А. (33) од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголема количина на разновидни пиротехнички средства. При тоа пронајдени и одземени се 21.524 пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Поврзани новости