510
Полицаец во Куманово синоќа е уапсен откако ја натепал и онесвестил својата 31-годишна сопруга. Инцидентот е објавен во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
Настанот се случил околу 20.30 часот во нивниот семеен дом. В.Т. по дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата сопруга 31-годишната Н.Т.(31), а потоа и физички ја нападнал. Од силните удари Н.Т. паднала во бессознание.
„В.Т. е лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди“, велат од МВР.