Уапсен е фудбалер на Светското првенство – местел натпревари

by irena 18:10
18:10

Голем скандал се појави во јавноста за време на Светското првенство, а беше поврзан со репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска – Ели Вахи.

Напаѓачот на „Слоновите“, кој игра за Ница, беше уапсен на 29 мај непосредно пред Светското првенство, а причината е наводна вмешаност во местење натпревари.

Како што објави Атлетик, против него е покрената истрага поради сомнение дека намерно добил жолт картон за време на натпреварот Ница – Мец на 17 мај во француската Лига 1.

Вахи беше уапсен кратко откако постигна два гола во победата на Ница над Сент Етјен и беше ослободен по сослушувањето додека истрагата продолжуваше.

Портпаролот на Јавното обвинителство во Марсеј потврди дека Ели Вахи е уапсен како дел од истрагата за организирана измама, спортска корупција и прикривање на приходи од криминал и перење пари.

Овој скандал беше прикриен дваесет дена, Ели Вахи отпатува со тимот во Америка и беше во почетниот состав за првиот натпревар на Брегот на Слоновата Коска против Еквадор, каде што неговата репрезентација победи со 1:0.

Во спорниот натпревар, Ели Вахи доби жолт картон во 35-тата минута поради доцниот старт врз дефанзивецот на Мец, Садибу Сане.

Атлетик исто така наведува дека Ели Вахи не е единствениот играч кој е на Светското првенство, а кој е пријавен поради сомнение за вмешаност во местење натпревари.

Слични вести