Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит да се полага само на македонски

by vlatko 18:04
18:04

ЗНАМ не отстапува од својот став околу начинот на полагање на правосудниот испит. Позицијата на еден партнерите во власта, денеска ја повтори довчерашниот министер за правда и претседавач со Централниот одбор на партијата, Игор Филков, кој денеска изјави дека Уставот и законите не даваат можност правосудниот испит да се полага на друг јазик освен македонскиот.

Филков кажа дека ЗНАМ ќе остане доследно и принципиелно на ставот, кај, како што додаде, го застапувал и дека ја извршувал функцијата министер за правда. Тој го нарече „хибридно“ решението што го предлага неговиот наследник на функцијата Јетон Шасивари од Влен, тврдејќи дека за него дознал од медиумите.

-Јас не се противам никој да полага на оној јазик кој што е овозможен согласно законите и Уставот. Она што мене ме загрижува е тоа што ваквото хибридно решение беше ад акта одбиено од оние што се бунат и противат да полагаат на јазикот кој што утре треба да се употребува во сите оние институции каде што планираат да работат како судии, адвокати, обвинители и сл. Тоа е повеќе од загрижувачко – изјави Филков.

Темата за начинот на полагање на правосудниот испит доби нови димензии по изјавата на лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Тој рече дека неговата партија ќе ја напушти Владата доколку се прифати правосудниот испит да се полага на друг јазик освен македонскиот и дека ставовите на ЗНАМ по ова прашање му се познати на премиерот Христијан Мицкоски.

Димитриевски најави дека на следниот состанок со премиерот ќе побара лидерска средба на која отворено би се разговарало и би се дефинирале црвените линии со коалициските партнери во однос на ова прашање и што тоа ќе значи за иднината на државата и за целокупниот правосуден систем.

Слични вести