Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Халкида од Грција со 29:24 во дуелот од второто коло од квалификациската група.
Македонската репрезентација одигра лошо прво полувреме во која противникот ги искористи своите шанси и на полувреме имаше предност од 16:9.
На почетокот на вториот дел Грција имаше водство и од 19:10, но македонскиот тим успеа да намали на 19:13.
Во финишот на дуелот домашната репрезентација повторно имаше предност од девет разлика – 28:19 и 29:20, но со серија од 4-0 во последните минути македонската репрезентација стигна до негатива од 29:24.
Михаил Статис кај Грција и Филип Кузмановски кај македонскиот тим со по 7 голови беа најефикасни.
Голмнаите Петрос Буковинас кај Грција и Македонецот Мартин Томовски имаа по 11 одбрани.
Македонскиот тим следниот натпревар го игра на домашен терен со Шведска на 10. март 2027 година.
Инаку, Ракометната федерација на Македонија информира дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава.
За време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција, наместо официјалната кратенка МКД стоеше НМКД.