Твоја партија: Колективното помилување на Иванов е противуставно

by Фокус

Твоја партија на адвокатот Александар Тортевски смета дека колективно помилување од страна на екс претседателот Ѓорге Иванов на група луѓе кои беа наведени само со име и презиме, без други податоци за идентификација и без спомнување на конкретните случаи за кои се товарат и без образложение, е противуставно.

„Ова е во спротивност со објаснувањето дадено од страна на Уставниот суд во врска со одлуката У.бр.19/2016-1, каде што се утврдува дека “Тоа што Претседателот на Републиката има ваква надлежност, не значи дека би се дало помилување за секој сторител, за секое сторено кривично дело, туку оваа надлежност ќе се оствари во оние случаи кога Претседателот ќе оцени дека треба да се даде помилување, земајќи ги во предвид и карактеристиките на сторителот, но и делото кое е сторено…“, односно, дека “Помилувањето е поврзано со индивидуализација на сторителите на кривичните дела …“, велат од Твоја партија.

Од таму додаваат дека помилувањето не може да се смета како дел од судска постапка (посебно заради тоа што може да биде дадено и во случај кога воопшто не е започната ваква постапка), туку како одлука донесена од страна на орган на извршната власт (Претседателот), која согласно тоа може од истиот орган и да биде повлечена.

Поврзани новости