ВМРО предлага четири викенди без ДДВ за да нема турканици

by Фокус

СДСМ од ветените 4 викенди без ДДВ во септември, работата ја сведоа на еден викенд без ДДВ со низа недостатоци, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ немаше план да реализира викенд без ДДВ. Ја ветија мерката во септември и не ја реализираа. Потребен беше притисок од ВМРО-ДПМНЕ за да ја предвидат мерката, дури во октомври. На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, претставниците на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат амандман во кој наместо еден, ќе се дополнат уште 4 викенди, по еден во месеците ноември и декември 2020 година, како и по еден викенд во јануари и февруари 2021 година – рече Иван Јорданов, пратеник на ДПМНЕ.

Според него, така ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците со македонски производи.

Поврзани новости