Твитер ги затвора канцелариите до понеделник

by Fokus

Канцелариите на Твитер се затворени до понеделник што доаѓа како последица на голем број вработени кои ја напуштаат работата.

Имено, зголеменото и масовно заминување од Твитер се должи на незадоволството предизвикано од управувањето на новиот сопственик на социјалниот медиум, Илон Маск.

Ултиматумот или да се работи поинтензивно и прекувремено или да се даде отказ наиде на огромен револт и клуч на врата до понеделник.

Во тој контекст, според поранешниот вице-претседател на Твитер, Брус Дејзли, како и многу поранешни вработени инжињери во Твитер, платформата до понеделник би можела да крахира.

Има голем број на алатки коишто се детерминирани од присуството на инжињери онлајн, рече Дејзли.

Неодамна, фирмата ја намали работната сила за 50%, а во е-мејлот кон вработените, Маск ги информираше останатите за погоре споменатиот ултиматум.

-На оние коишто не се имаат пријавено до 17ти ноември, ќе им биде дадена отпремнина за три месеци, изјави Маск.

Иако вработените објавуваат твитови со пораки дека заминуваат од работа, Маск вели дека не е загрижен, изјавувајќи дека најдобрите луѓе остануваат во фирмата.

Поврзани новости