Туск говореше на македонски: 80% од вашиот извоз оди во ЕУ, а само 1% во Русија

by fokus

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, по средбата со премиерот Зоран Заев, на македонски јазик се обрати пред медиумите и рече ЕУ стои зад Македонија, исто како што Македонија ја поддржа Европската унија во случајот Салзбери.

Туск, кој е од Полска, рече дека чувствува промена во политичкиот менталитет во Скопје и вистинска политичка волја за придвижување кон евро-атпанските интеграции.

-Воедно забележувам храбро лидерство кај премиерот Заев насочено кон иднината. ЕУ е и ќе остане најдоверливиот партнер за целиот регион, ЕУ е најголем инвеститор, најголем донатор и најголем трговски партнер за целиот регион. Ова се однесува и на вашата земја. Околу 80 отсто од вашиот извоз оди во ЕУ, а 13 отсто во Западен Балкан. Само 1,5 отсто во Турција, а 1% со Русија и 1% со Кина. Освен трговија и инвестиции убеден сум дека ЕУ е најголема надеж за подобра иднина на вашите граѓани. Ова го кажувам од лично искуство како Полјак, денес во рамките во ЕУ моежеме да го негуваме нашиот национален идентитет додека сме дел од поголемата заедница во која сите можеме да просперираме – рече Туск.

Тој додаде дека многу работи се сменети во земјава од 2015 година, кога бил овде по повод мигрантската криза.

-Од тогаш т.н. западно балканска рута е затворена и така мора да остане. Да ви се заблагодарам за вашата поддршка тогаш и за вашето континуирано будно следење на ова прашање. ЕУ ќе ви помогне во вашите напори за реализација на реформите. Ги имате сите неопходни состојки да успеете. Постигнавте договор со Бугарија, а се надевам истото ќе го постигнете со Грција. Ја имате мојата беузсловна поддршка. Јас верувам во вас – порача Туск.

Поврзани новости