По пет дена мајка пријавила дека исчезнала нејзината 11-годишна ќерка

by Fokus

Триесетгодишна кичевчанка вчера пријавила дека исчезнала нејзината 11-годишна ќерка, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 13.45 часот во Полициската станица Кичево, С.М. (30) од Кичево пријавила дека на 21.04.2018 година од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 11-годишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Поврзани новости