Турција го блокираше сајтот на Шарли Ебдо

by Фокус

Судот во Анкара донесе одлука за блокирање на сајтот на французкиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, поради  „навреда на верските вредности на граѓаните“.

Освен овој сајт, судот блокираше уште 48 други, меѓу кои и оние на популарните форуми „Кисел речник“ и „Речник на бисери“ и на новинскиот портал Т24. Со ова, вкупниот број на блокирани сајтови во Турција е  над 67.000.

Забраните од судот се донесени врз основа на кривичната пријава на турската Дирекција за телекомуникации, во која се наведува дека посочените интернет страници со своите невредливи содржини на „верските вредности можат да им наштетат на јавниот ред и мир“.

Поврзани новости