Амбасадорот на САД во ОБСЕ е загрижен за владиното влијание во медиумите

by Фокус

Амбасадорот на САД во ОБСЕ, во Виена, Даниел Б. Баер преку изјава за политичките тензии во Македонија при Постојаниот совет на ОБСЕ изразува загриженост.

Во изјавата се испраќаат пораки до Македонија.

“Ги повикуваме властите да ја покажат својата посветеност на владеењето на правото, почитување на слободата на изразување, како и интегритетот на демократските процеси во Македонија. Ги нотираме сериозните обвинувања кои ги доведуваат во прашање независноста на медиумите и на судството, како и почитта за другите основните демократски вредности кои Владата на Република Македонија се обврза да ги заштити и да ги почитува. Ние сме загрижени за непримерното владино влијание на медиумското покривање за сегашната ситуација и како тоа може да ја ограничи дебатата за прашања од јавен интерес.

Ги повикуваме политичките лидери во Македонија од сите страни да бараат совет и помош од Мисијата на ОБСЕ, Секретаријатот на ОБСЕ и други извршни структури на ОБСЕ во трасирање на патот напред, ” се вели во изјавата на амбасадорот на САД во ОБСЕ, во Виена, Даниел Б. Баер.

Поврзани новости