Турци фатени на Деве Баир со фалсификувани бугарски документи

by fokus

Двајца државјани на Турција биле приведени и предадени во ПС Крива Паланка, откако на ГП „Деве Баир“ биле фатени со лажни бугарски документи.

„Ноќеска половина час по полноќ на граничен премин „Деве Баир“,  при пасошка контрола и проверка било констатирано дека Ф.К.(30) и Б.К.(32), двајцата од Република Турција, се пријавиле со фалсификувани бугарски документи.

Тие биле приведени и предадени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости