Турски државјанин приведен во Скопје

by fokus

Едно лице, државјанин на Турција, е приведено во Скопје поради основано сомнение дека со огнено оружје ранил друго лице, исто така од Турција. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, настанот се случил во текот на вчерашниот ден околу 22 часот. Приведениот триесетгодишен М.Е.Е. бил со привремен престој во земјава.

„Полициски службеници од СВР-Скопје го лишиле од слобода М.Е.Е.(30) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека околу 22.00 часот, пред угостителски објект на ул.Казанџиска во Скопје, пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б., исто така, од Република Турција“, велат од полицијата.

Поврзани новости