Три лица повредени откако со автомобил удриле во коњ во близина на Делчево

by fokus

Вчеравечер три лица, меѓу кои и четиригодишно дете се повредени, откако со автомобил удриле во коњ кој се движел по коловозот

На 30.09.2019 во 19.30 часот било пријавено дека на место викано „Студена чешма“, атар на с.Ветрен, делчевско, З.П.(38) од Делчево, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, удрил во коњ кој се движел по коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.П.(31) и четиригодишно дете сопатник. Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Поврзани новости