Турска активистка осудена на 10 години затвор бидејќи го навредила Ердоган

by fokus

Турскиот суд ја осуди познатата опозициска активистка Канан Кафтанчоглу на девет години и осум месеци затвор поради повеќе злосторства, меѓу кои и „навредување на претседателот и ширење терористичка пропаганда“, соопшти главната опозициска партија, Републиканската народна партија.

Во обвинението се цитираат неколку твитови на Кафтанчоглу што ги напишала во периодот од 2012 до 2017 година.

Обвинетата активистка веднаш ќе оди во затвор, бидејќи има право на жалба.

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу рече дека верува дека повисоките судови ќе ја поништат пресудата против Кафтанчоглу.

Поврзани новости