Министерот за правда Никола Тупанчески за најавените измени на Законот за здруженија и фондации изјави дека нема можност за ретроактивност во ревидирање на веќе основаните фашистички здруженија и со тоа продолжува да ги штити фашистичките клубови, реагира Левица.
„Но, истиот очигледно намерно заборава дека е Министер за правда на Македонија и истиот треба да ги штити интересите на македонскиот народ, како и сите нејзини определби и вредности, а особено анти-фашистичката определба на Македонија. Оваа изјава доаѓа додека во соседна Бугарија се усвојуваат Декларации со кои се забрануваат отворање на македонски клубови, иако истите ги носат имињата на истакнати анти-фашистички дејци“, велат од партијата.
Од таму додаваат дека основањето на фашистички здруженија со величење на бугарски фашистички ликови стана опасен тренд, кој мора итно да се спречи. Во таа насока се најавените измени на Законот за здруженија и фондации.