Цветанов: Не не болеше кога не тепаа Грујо и неговата банда, но не боли сегашната неправда

by fokus

Одбиени сме од административни глувци, остатоци од режимот, кои сѐ уште уживаат во привилегиите и моќта, оставени да одлучуваат за Вашите животи, од страна на Министерот Драган Тевдовски, напиша Ване Цветанов од здружението „Зелена лупа“ на својот ФБ профил. 

Тој реагира заради тоа што неговото здружение, кое анализира судски случаи за кои постои сомнеж дека биле монтирани, во континуитет е одбивано од министерство за финансии и сега заради недостиг на пари, му се заканува укинување.

 

-Не не болеше кога не тепаа Грујо и неговата банда. Бевме на чисто, а и самите го избравме патот. Зелена лупа ги издржува и сите подмолно- кукавички удари од НВО мафијата и чекори храбро. Но боли…боли, доживеаната неправда од Министерство за финансии, кое што е дел од Владата за која ризикувавме се, па и животи. Зелена лупа е одбиена од Министерство за финансии, за проект поврзан со пробацијата. Драги соборци кои се уште гниете по затворите, жалам и за овој пораз. Ова е девето одбивање на Зелена лупа…“-пишува Цветанов

Поврзани новости