Дури 43 возачи ноќеска возеле пијани во Скопје

by fokus

Дури 43 возачи ноќеска во Скопје возеле под дејство на алкохол, утврдила контролата на сообраќајната полиција.

-Во текот на изминатата вечер (09/10.06.) во периодот од 22,00 до 05,00 од страна на Oдделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, беше спроведена акциска контрола со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Вкупно се контролирани 304 возачи, од коишто 197 возачи се алкотестирани и кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 48 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата, информираат од МВР.

Поврзани новости