Гаши: Ќе продолжиме да ги критикуваме СДСМ и ДУИ и ќе покажеме дека сме подобри од нив!

by fokus

Разочарани сме и ние и граѓаните од поделбата на Беса, но ако покажеме добри резултати со нашата работа во Владата, Беса ќе стане прв избор на Албанците, вели Африм Гаши, претседател на движењето Беса, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој вели дека соработката со ДУИ во Владата ќе биде тешка, а се надева и дека нивната партија во Собрание ќе расте.

-Треба да очекувате Беса да продолжи да зборува и да работи како што зборуваше и работеше претходните три-четири години. Ќе се залагаме за професионализација, високи морални вредности во општеството, за работа, еднаквост кон сите, да не се прави дискриминација по никаква основа. Министер во Влада на Република Македонија треба да биде министер на сите граѓани. Доверен ни е ресорот култура и ќе се залагаме нашиот министер и нашите луѓе таму да бидат инклузивни, да работат за доброто на сите граѓани, вели Гаши.

За соработка со ДУИ, пак, Гаши не е голем оптимист.

-Ќе биде многу тешко. Веруваме дека ќе направат сè да нè опструираат. Сепак, ова е моја предрасуда, би сакал тоа да не е вистина, би сакал секој да ја работи својата работа. Ние водиме Министерство за култура, а сигурно ќе бидеме присутни и во другите министерства со пониски ешалони. Сакаме да го имплементираме тоа што го зборувавме, не би сакале да се судруваме со никого. Нашиот пристап кон ДУИ и кон СДСМ е во насока на тоа што ни престанува можноста да ги критикуваме, но ни е отворена многу голема можност да покажеме дека сме многу подобри од нив, вели Гаши.

Поврзани новости