902
Цветанка Иванова, правник и поранешен пратеник од СДСМ, на денешната пленарна седница беше избрана за генерален секретар на Собранието на Република Македонија. Претходно беше донесена одлука за разрешување на досегашниот генерал секретар на Собранието, Жарко Денковски.
Иванова, ќе има улога да ја организира работата на собраниските служби и да му помага на претседателот на Собранието во подготовките, организацијата и текот на заседанијата.
Иванова е дипломиран правник, пратеник од редовите на СДСМ од 2002 година, координатор на пратеничката група на СДСМ, претседател на Законодавно-правната и Комисијата за труд и социјална политика и координатор на женското лоби.