Тројца министри на турската годишнина од државниот удар, Заев не се појави

by fokus

Годишнината од неуспешниот државен удар беше одбележана денес и во Македонија и, наспроти реакциите во јавноста, на овој контроверзен настан присуствуваа преставници на владата. Иако од турската амбасада најавија дека ќе дојде лично премиерот Зоран Заев, тоа не се случи, така што власта ја преставуваа тројца министри – вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за здравство Арбен Таравари и министерот без ресор Аднан Ќахил.

Вчера турската амбасадорка во земјава Тулин Еркал Кара рече дека Анкара од новата влада ќе побара исполнување на барањата на Турција за затварање на организациите во Македонија зад кои според Анкара стои Фетула Ѓулен.

„Таа терористичка организација постои во Македонија во смисол на школи, училипта, медиуми.Очекуваме новата влада да ги разгледа нашите барања повторно“, изјави турската амбасадорка.

Во Турција по обидот за пуч голем број на граѓани останаа без работа или беа приведени од властите заради наводна поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Поврзани новости