Собранието ја донесе завршната сметка на буџетот за 2016 година, дефицит од 16,1 милијарда денари

by fokus

Со 92 гласа „за“, без воздржани и против, Собранието попладнево во рамки на осмата седница ја донесе завршната сметка на Буџетот за 2016 година.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението наведе дека вкупните приходи на Буџетот се реализирани во износ од 169,3 милијарди денари, а расходите во износ од 185,4 милијарди денари, поради што буџетскиот дефицит изнесува 16,1 милијарда денари, односно 2,7 проценти од БДП.

– Треба да учиме од грешките од минатото и да не дозволиме тие да се повторат, рече Тевдовски, кој вети дека на крајот на мандатот Македонија ќе има завршна сметка како Данска.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери попладнево ја прекна осмата седницата, а продолжението, како што рече дополнително ќе биде закажано.

Поврзани новости