ЦУК: Да се избегнува движење по мостот на Пчиња

by Fokus

Центарот за управување со кризи информира дека по информациите од Водостопанство за зголеменото ниво на водите во Крива Река кои ќе дојдат и до реката Пчиња, постои опасноста од уривање на мостот во селото Пчиња.

Мостот е со слаба конструкција и за околу два часа ќе дојде до зголемен притисок, па издадено е предупредувањето за избегнување на движењето по овој мост.

ЦУК предупредува на внимателност при движење покрај речните корита и поројни суводолници, особено во реони на поројни поплавувања, бидејќи се очекуваат локални кратки но поројни дождови.

ЦУК презема превентивни и координативни мерки по информацијата од Управата за хидрометереолошки работи за зголемен водостој на локалните реки и на реката Вардар.

„Беше известено дека заради зголемен водостој на реката Вардар во горниот дел од текот, на сливовите со одредени притоки, се можни излевања во Полошката Котлина, Тетовски-Гостиварскиот регион, потоа во сливот на Река Лакавица и на други критични места во горниот дел од сливот на реката Вардар“, соопшти ЦУК

Поврзани новости