Централен регистар: Не сме прикривале и уништувале документација!

by Фокус

Централниот регистар демантираше дека вработени прикривале, затајувале или уништувале документацијата за податоците од регистрите со кои раководи, откако Специјалното јавно обвинителство, со налог од судот, одзела документација кои им била потребна во рамки на истрагите што ги водат врз основа на прислушуваните материјали.

„Небулозно тврдењето оти податоци воопшто можат да бидат уништени бидејќи базите се водат електронски на повеќе локации, а секоја промена во регистрите електронски се доставува и до бројни институции. Во досегашното постоење и успешно работење на оваа институција не се памети ваков напад и нарушување на угледот на Централниот регистар. Напротив, со години наназад е рангиран како најдобра институција во Република Македонија според најригорозни методологии и на прво место во Европа и второ место во светот според Светската банка“, се наведува во соопштението од ЦР.

СЈО влезе во оваа институција откако прво писмено ги побарала информациите, но од ЦР одговориле дека барањето им е несфатливо и во законскиот рок од 30 дена не одговориле позитивно.

Поврзани новости