Бугарска компанија ги презеде рудниците Злетово и Тораница

by Фокус

Бугарската компанија „Минстрој“ е новиот концесионер на рудниците Злетово и Тораница. Рудникот Злетово ќе биде рестартиран во мај, а Тораница за два до три месеци.

На денешното претставување во Министерството за економија сопственикот на „Минстрој“, Николај Волканов, рече дека бугарската компанија ќе ги врати на работа сите рудари и ке инвестира 10 милиони евра во опрема и технологија. Тој додаде дека состојбата во рудниците во кои извршил увид била трагедија,зашто за плата од 200 евра,без заштитна опрема и облека рударите испорачувале одлични резултати.

-И покрај се рударите давале одлични резултати. Немале облека, добра храна, на раце носеле апарат тежок сто килограми од една до друга страна на рударските  окна и по еден километар.Вагонетките немаат тркала,можеби вас ви изгледа смешно ,но тоа што е правено во рудниците мене ми е рамно на атентат, рече Волканов.

Сепак, постапката за доделување концесија за рудниците Тораница и Злетово не е завршена, бидејќи две компании кои учествувале на тендерот, британската Минеко и српската Метал ферм, поднеле жалби откако се одбиени за учество во јавното наддавање поради нецелосна документација.

Поврзани новости