Викендов почнува теренската проверка на спорните гласачи

by Фокус

Државната изборна комисија викендов најверојатно ќе ја започне теренската проверка на спорните гласачи од избирачкиот список, бидејќи подготовките се при крај и дека следен чекор токму е излегувањето на терен.

Како што информираа од ДИК, деновиве се вршат обуки на 374 анкетари што ќе ја вршат проверката на 89.383 гласачи, кои по проверката на ИТ-експертите беа означени како сомнителни.

Тие најверојатно во период од две недели ќе ја вршат проверката секој ден од 8 и 30 до 19 часот. Ако лицето кое е предмет на проверка не е дома, ќе треба да биде повторниот пат кога ќе најават дека ќе дојдат. Ако и тогаш не е дома, тој ќе треба да отиде во подрачната единица на Комисијата и таму да биде проверен.

– Нашата цел на проверка се гласачите, а не на домаќинствата. Подготвен е и прашалникот, но засега тој нема да се објавува. Ќе бидат испечатени онолку листови колку што лица ќе бидат предмет на проверка. Прашањата се поделени во три групи: лични податоци, адресата на живеење и забелешки што би ги имале анкетарите – вели Љупка Гугучевска од ДИК.

Поврзани новости