Филипче: Бележиме најголем раст на вакцинирани

by fokus

Се наоѓаме во деликатна фаза со мутацијата на коронавирусот и само преку масовна имунизација најсигурно можеме да ставиме крај на пандемијата, порача министерот за здравство Венко Филипче во Велес.

-Вакцинацијата на територијата на целата држава тече непречено. Во изминатиот период бележиме и најголем просечен раст на вакцинирани граѓани во регионот. Се надевам дека ќе продолжиме со истиот капацитет и во периодот кој следи. Ве повикувам да им помогнеме на здравствените работници и на здравствениот систем. Да се вакцинираме, да покажеме пример, да покажеме одговорност кон себе и другите. Вакцините се безбедни, го подигнуваат имунолошкиот систем и штитат од тешки форми на заболувања на вирусот – рече Филипче.

Според него, вакцинацијата е единствен начин да успееме да се вратиме во нормалните текови на секојдневно функционирање.

Поврзани новости