Царовска: Нема зголемен број на заразени деца, некои медиуми сакаа лажно да го прикажат тоа

by fokus

Министерката за образование, Мила Царовска во вечерашното гостување во „360 степени“ рече дека училиштата се сосема безбедни и нема зголемен број на деца заразени со Ковид или зголемен број на хоспитализрани деца.

Министерката ги искритикува дел од медиумите дека сакале, како што рече, да искарикираат и да прикажат лажна слика во медиумите по ова прашања.

-Безбедноста во училиштата се покажува со тоа што нема трансмисија внатре во училиштата. Државниот санитарен инспекторат е постојано на терен.
Протоколите апсолутно се почитуваат. Имаме минимални забелешки на непочитување на некој дел од протоколот. Денеска имавме изјава од министерот, немаме зголемен број на позитивни случаи на деца или деца во болниците, како што некои медиуми сакаа да го искарикираат тоа и да го прикажат сосема лажно во медиумите, рече Царовска.

Поврзани новости