Царовска: Бојкотот е неконструктивен начин за искажување на незадоволство!

by Fokus

Министерката за образование, Мила Царовска денеска ги повика родителите и децата од Северна Македонија да не бојкотираат настава, затоа што со тоа нема да се решат проблемите.

„Секој од нас е одговорен за јавното здравје. Бојкотот е неконструктивен начин за искажување на незадоволството. Ги повикувам сите наши граѓани, деца, дека секој од нас треба да се справува на конструктивен начин со оваа епидемија. Се стремиме да бидеме како најразвиените земји. Образованието е најважно, ние треба да се трудиме да ја намалиме детската сиромаштија. Оваа падемја е лекција за нашата држава“, рече Царовска.

Поврзани новости