Цар Самоил ќе се поместува поради поплочувањето на плоштадот

by Фокус

Споменикот на Цар Самоил, којшто се наоѓа на плоштад Македонија, ќе биде поместен неколку метри наназад, поради поплочувањето околу споменикот Воин на коњ. Поради тоа, во мометов се гради нов постамент пред самиот влез на кафеаната „Пелистер“, кој е дополнителен трошок во проектот „Скопје 2014“.

На местото каде ќе биде преместен Цар Самоил пред еден месец беа исечени два костена. Од Град Скопје велат нивната сеча коинцидира со преместувањето на споменикот и дека се исечени по направена експертиза за нивната состојба.

Како што најави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, преместувањето на споменикот на Цар Самоил треба да заврши до средината на јуни.

 

Поврзани новости