470
На денешната четврта средба помеѓу претставници од Средношколскиот пленум и претставници на Владата и МОН, вицепремиерот Владимир Пешевски му се обратил на средношколецот Дејан Рајкоски со зборовите „Знам кој те праќа“, пренесува НОВА ТВ.
Рајковски, кој е еден од претставниците на Средношколскиот пленум на овие средби, ја потврди оваа информација и рече дека не му е јасно на што алудирал вицепремиерот Пешевски и што сакал да му порача со овие зборови.
Од Средношколскиот пленум ова го окарактеризираа како суптилна закана, но велат дека ваквите закани, личните напади и омаловажувањето кон средношколците нема да ги запрат. Додадоа дека тие се борат за себе и за идните генерации.