Тројца загинати по пожар во болница во близина на Рим

by Fokus

Државната телевизија РАИ објави дека две лица починале од вдишување чад, а третото од срцев удар. Пациентите на интензивна нега во болницата Св. Јован Евангелист во Тиволи веднаш биле префрлени во други болници со брза помош, се вели во соопштението за печатот од канцеларијата на градоначалникот на Тиволи. Помалку критични пациенти беа преместени во блиската општинска сала.

Пожарот избувнал вчера доцна вечерта, а подоцна бил ставен под контрола. На видеото што го објавија пожарникарите, може да се видат противпожарни екипи на скали кои се обидуваат да стигнат до горните катови на болницата додека од нив се излева чад, пишува АП.

Тиволи, кој се наоѓа на околу 35 километри од Рим, е популарна туристичка дестинација. Најпознат е по археолошките локалитети Вила д’Есте и Вила Адријана, од кои и двете се места на светско наследство на УНЕСКО.

Поврзани новости