Тројца скопјани уапсени откако биле фатени со марихуана

by fokus

Во текот на вчерашниот град, во Скопје се уапсени тројца скопјани поради тоа што биле фатени со марихуана.

„Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:30 часот, во село Инџиково ги лишиле од слобода М.Т.(27) и П.Ј.(39), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.02.2020 во 23.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Б.Д.(42) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани новости