Тројца нови заразени со Ковид 19 во Велес

by Фокус

Три нови случаи на заразени денеска беа потврдени во Велес.

Од Центарот за јавно здравје во Велес денеска информираа дека станува збор за две лица кои се поврзани со веќе постоечки кластер, односно се членови на семејството на вработена во маркет.

Третиот случај кој денеска е потврден во Велес е вработен во Центарот за јавно здравје, каде ова е трет случај на заразен.

Поврзани новости