682
ГЕРБ е прва партија на изборите и тие не успеаја да формираат влада, но и ние не можеме да формираме стабилен кабинет бидејќи немаме потребен број пратеници, вели Слави Трифонов, прв човек на „Има таков народ“.
-Тие не можат да владеат, народот не одлучи така. Ако формираме влада во моментов ќе бидеме зависни и управувани од партиите што ќе ја поддржат – рече Трифонов.
Лидерот на втората најголема партија во бугарскиот Парламент истакна дека тие не можат да бидат зависни, особено од, како што вели, докажаните компромитирани политички субјекти.