Трибина на СДСМ: Пораст на платите во здравството до 10 отсто годишно, субвенции од 200 евра за млади специјализанти

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната трибина во организација на СДСМ насловена Агенда-Здравство 20-24, презентирајќи ги основите на партиската програма за претстојните избори во делот на здравството, рече дека ќе започне изградбата на новиот Клинички центар и ќе се реновираат најстарите одделенија во болниците.

-Секоја година зголемување до 10 отсто на платите на здравствените работници – рече Филипче, додавајќи дека ќе се овозможи платен работен стаж за секој нов млад лекар и ќе се разгледа опцијата на сите лекари на специјализација, кои го немаат решено станбеното прашање, да им се додели субвенција од 12.000 денари месечно.

На трибината присуствуваше и поранешниот министер за здравство на Хрватска и консултант на Светска банка и Светска здравствена организација, Синиша Варга, кој истакна дека земјава направила сериозен исчекор кон подобрување на целокупната слика на здравството, здравствените услуги и услови за работа на здравствените работници.

-Можам да кажам дека вие за малку пари давате многу здравје. Ние и како социјалдемократи треба да одговориме на прашањето што сакаат пациентите? Сакаат добри здравствени услуги по ниски цени. И тоа е возможно да се постигне. Треба да се исфрли неефикасноста. Имаме нелогичности, лошо трошење на ресурси и тоа кажува дека има многу простор за подобрување – рече Варга.

Универзитетската професорка Александра Грозданова, пак, рече дека за 6 месеци бил зголемен опфатот на имунизација на 99,5 отст, што, меѓу другото, било овозможено преку транспаретна постапка за набавката на вакцините.

Поврзани новости