Три милиони денари од Град Скопје за настраданите во Албанија

by Fokus

Советот на Град Скопје на денешната редовна седница едногласно донесе одлука за доделување на финансиска помош во вредност од три милиони денари за настраданите од земјотресот во Албанија.

Градоначалникот Петре Шилегов посочи дека пожарникарите и екипите со термални дронови сеуште се во Драч, каде помагаат во пронаоѓањето на цивили и расчистувањето на штетите од земјотресот.

– Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град Скопје упати две екипи кои се во Драч. Едната екипа е составена од четири пожарникари, додека втората екипа е составена од технички лица кои управуваат со термалните дронови и со термалните камери. Оваа одлука е во износ кој традиционално го доделува Град Скопје во вакви случаи, а тоа е три милиони денари, изјави Шилегов на седницата.

 

Поврзани новости