Заев: Кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против Мицкоски?

by fokus

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил праша јавно кој во опозицијата работи против лидерот Христијан Мицкоски и според него, ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува факти кои ја потврдуваат неуспешноста на Мицкоски.

Кој е збунет? Кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против Мицкоски? Кој ја објави вистината за неспособноста на Мицкоски и за…

Publiée par Zoran Zaev sur Mercredi 27 novembre 2019

„Кој е збунет? Кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против Мицкоски? Кој ја објави вистината за неспособноста на Мицкоски и за драматичниот пад на производството на струја во нивно време?

Конфузијата оди до таму што нивниот центар за комуникации објавува соопштенија во кои со бројки и факти потврдува дека во нивно време, времето кога Мицкоски бил директор на ЕСМ (ЕЛЕМ), драматично паѓало производството на електрична енергија. Спротивно на тоа, во периодот од 2017 и 2018 година имаме стабилизација и раст на производството на струја.

Погледнете ги бројките објавени од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, a се однесуваат на производството на ЕСМ:

– во 2013-та година 5 113 GWh
– во 2014-та година 4 741 GWh
– во 2015-та година 4 471 GWh
– во 2016-та година 4 382 GWh
– во 2017-та година 4 228 GWh
– во 2018-та година 4 273 GWh

ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува факти кои ја потврдуваат неуспешноста на Мицкоски. Тој беше најнеуспешниот директор на ЕСМ, а денес е најнеуспешниот лидер на опозицијата“, истакна Заев.

Поврзани новости